Доаѓа со голема брзина: Астероид со големина на камион се приближува кон Земјата

Новооткриен астероид со големина на камион ќе помине многу блиску до Земјата во наредните денови. Тоа треба да биде една од најблиските средби од ваков вид до сега.

НАСА наведува дека во петок, астероидот наречен „2023 BU“ ќе прелета на 3.600 километри над Јужна Америка во 13:27 часот по наше време, што е многу поблиску од висината (околу 36.000 km) на која се наоѓаат геостационарни, т.е., телекомуникациски сателити.

Овој тип на сателити ротира синхронизирано со Земјата.

Астероидот бил откриен на 21 јануари од страна на аматерскиот астроном Генадиј Борисов од неговата опсерваторија MARGO на Крим, а потоа бројни опсерватории ширум светот го фрлија погледот кон него за попрецизно да ја одредат неговата траекторија. Иако се работи за исклучително блиска средба со друго небесно тело, од НАСА велат дека нема причина за паника бидејќи нема шанси да удри во Земјата.

26.01.2023 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега