Доаѓа лето: од недела пораст на температурите
До крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а од недела ќе има значителен пораст на температурите, информира УХРМ.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во
сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд.
Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.

28.05.2025 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа