Дневен хороскоп: Тежок ден за еден знак
ОВЕН
Може да очекувате парична награда или унапредување за работата што сте ја покажале во претходниот период. Една личност се обидува да ви се приближи, но вие несвесно се оддалечувате од него. Размислете околу причината за тоа, можеби не ве интересира доволно. Се чувствувате добро
БИК
Можно е денеска да се соочувате со мал пад на самодовербата. Не грижете се, нема да потрае долго. Доколку сте во брак, може да очекувате подобрување во односот со партнерот. Конечно ви се враќа оптимизмот. За секој случај, посетете лекар за преглед.
БЛИЗНАЦИ
Кризниот период за работа сега е зад вас и имате можност за мала пауза. Конечно сте олеснети. И вие и вашиот партнер сте прилично раздразливи, лесно лути и склони кон хистерија. Обидете се да најдете компромис со разговор. Грижете се за вашите бели дробови.
РАК
Може да очекувате значајна средба со личност која може да има големо влијание врз вашата кариера. Обидете се да и оставите најповолен впечаток. Можете лесно да го поттикнете вашиот партнер да се промени според вашите барања и очекувања. Важно е да се сменат лошите навики.
ЛАВ
Неопходно е да се работи на организацијата на трошење пари. Премногу лесно ви „бегаат“ од рацете. Имавте прилично турбулентен период на полето на емоциите и сега е време малку да се смирите. Потребна ви е поголема физичка активност. Престојот во природа е примарно.
ДЕВИЦА
Можете да очекувате помали парични добивки и успех во бизнисот. Има шанса и за хонорарна работа. Многумина ве забележале, но вниманието сте го посветиле на личност која можеби не го заслужува тоа. Можни болки во грбот.
ВАГА
Решени сте да ја завршите работата што ви е важна. Имате и одличен тим на соработници кои ќе ви помогнат. Договорете се за поделбата на работата. Се ближи ново познанство кое може да ви биде многу важно. Можни се проблеми со синусите и дишните патишта.
ШКОРПИЈА
Можно е да работите многу, можеби и премногу. Сепак, вие самите побаравте да бидете на вашата моментална позиција. Имате можност да започнете нова емотивна врска, но сепак размислувате за таа одлука. Чувајте се од провев и силен ветер
СТРЕЛЕЦ
Мора да ја оправдате довербата што ви е дадена. Важно е да бидете доволно подготвени за да ги докажете своите способности. Уживате во чувството на слобода, уживате во можноста да направите мало истражување за околностите во кои се наоѓате. Прилично тежок ден за вас.
ЈАРЕЦ
Премногу се грижите и се оптоварувате со некои неважни ситници. Така нема да успеете. Концентрирајте се на примарните ситуации. Повлечени сте и не дозволувате некој да ви пријде во емотивна смисла. Најдете начин за да се опуштите
ВОДОЛИЈА
Ако сте премногу избрзани и непромислени со вашите коментари, подоцна ќе зажалите. Одлично сте расположени и подготвени да ја пренесете вашата позитивна енергија на партнерот. Сакате да го изненадите.искиот притисок ви пречи.
РИБИ
Вие навистина не се пронаоѓате себеси во работата што ја работите во моментов. Сериозно размислувате за промена на професијата. Размислете за предлозите што ги има вашиот партнер. Овој пат треба да слушнете некои негови совети. Обрнете внимание на вашите соништа и интуиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа