Дневен хороскоп: Бидете внимателни со вашите партнери, на овој хороскопски знак му следува неповолен период во љубовта
ОВЕН
Работа: Вашата финансиска состојба сега се менува и се чувствувате несигурни поради тоа. Ви претстои неповолен период.
Љубов: На љубовно поле ве очекуваат некои ситни несогласувања со личноста за која се грижите.
Здравје: Можен е помал пад на енергијата.
БИК
Работа: Можно е да ве оптоварат некои ситни проблеми кои не сте ги решиле целосно во минатото.
Љубов: Чувствувате дека имате се помалку заеднички теми со партнерот. Ви претстои неповолен период за љубов.
Здравје: Ви треба повеќе сон.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Имате можност да постигнете стабилна ситуација на деловно поле од која ќе бидете задоволни.
Љубов: Во бракот ве очекуваат помали кавги со партнерот. Имате впечаток дека суетата е пренагласена во вашата врска.
Здравје: Тоа е поволен период за диета.
РАК
Работа: Треба да се посветите на напредок на деловното поле и сериозно да ги сфатите вашите обврски.
Љубов: Имате прилично добра комуникација со личноста за која се грижите.
Здравје: Мали проблеми со видот.
ЛАВ
Работа: Малку сте загрижени и не ви е лесно да ги решите сите деловни сомнежи што ги имате.
Љубов: Добро се согласувате со саканата личност. Се чувствувате безбедно и исполнето кога сте заедно. Поволен ден е пред вас.
Здравје: Проблеми со циркулацијата.
ДЕВИЦА
Работа: Ве очекуваат многу тешкотии на полето на работата. Не ви е лесно да ги решавате проблемите со соработниците.
Љубов: Уживате да бидете сами со личноста за која се грижите. Сакате да изградите повеќе доверба.
Здравје: Зголемете го внесот на свежо овошје
ВАГА
Работа: Во моментов чувствувате дека можете да ги решите проблемите што ги имате на полето на работата. Верувате во себе и во своите способности.
Љубов: Пред вас е ново познанство. Ве очекува период во кој ќе имате можност за промени.
Здравје: Вкочанетост во грбот.
ШКОРПИЈА
Работа: Ви треба повеќе време за да ги решите деловните компликации. Важно е да се биде упорен.
Љубов: Можно е да сте згрешиле и партнерот да не покаже дека е подготвен да ви прости.
Здравје: Избегнувајте внес на алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Загрижени сте за вашето деловно поле. Можно е во наредниот период да имате големи промени.
Љубов: Ви се допаѓа личност која изгледа некако оддалечена од вас. Не сте задоволни.
Здравје: Ви треба пауза.
ЈАРЕЦ
Работа: Не сте задоволни од работата и не гледате долгорочно решение. Треба да бидете малку покреативни.
Љубов: Доколку сте во брак, повеќе ве загрижуваат одредени кавги кои постојат меѓу вас и вашиот партнер.
Здравје: Вашата кожа е чувствителна.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не ви е лесно да ги направите промените што ги сакате. Можно е деловната ситуација да не зависи целосно од вас.
Љубов: Можеби ќе ви се допадне личноста што ја запознавте неодамна. Подготвени сте за поврзување.
Здравје: Чувствителен стомак
РИБИ
Работа: Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците бидејќи денес може да бидете склони кон избрзани реакции.
Љубов: Ве очекува интересна ситуација со личност која ви се допаѓа.
Здравје: Се препорачува вежбање од дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа