Директорот на „Паркови и заленило“ си поднесе оставка: Здравјето е поважно од секоја функција

 

Поради здравствени предизвици Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ,  денес си поднесе оставка од функцијата директор на ЈП Паркови и Зеленило. Реџепи за оставката информираше преку социјалните мрежи.

„И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција. На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа“, напиша тој.

Реџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по караницата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која пред еден месец му даде на Реџепи менаџерски договор од 4 години.

 

30.04.2023 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега