Директорот на фирмата што ќе ја снабдува Македонија со гас е „контроверзен бизнисмен“

 

Микрокомпанија која лани работела со загуба ќе ја снабдува Македонија со гас. „Балкан Јутилитис“ е бугарската компанија која понуди 23 евроценти пониска цена на струјата за разлика од „Макпетрол“, а даде и фиксна цена на природниот гас од 1 мај идната година.

„Балкан Јутилитис“ е регистрирана во 2003 година под дејсноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“. Во мај 2008 станува Акционерско друштво, пренесува СителТВ.

На 15 септември годинава добива 10-годишна лиценца за „трговија со природен гас“. Во Решението на бугарската Регулаторна комисија се вели дека е микропретпријатие, а според податоците на фирмата не и одело баш најдобро во последните три години.

Директор на „Балкан Јутилитис“ е Максим Жеков Димов. Бизнисмен кој бил и пратеник во 37 Народното собрание од 1995 до 1997 година и дел од пратеничката група на ДПС. Според податоците на бугарскиот централен регистар, Димов се поврзува со дури 22 компании, главно од енергетскиот сектор. Во најголем дел во Советот на директори, но и како управител, содружник и дел од управен или надзорен совет.

Реномирани истражувачки медиуми од Бугарија го опишуваат како контrоверзeн бизнисмен. Името на Максим Димов неколку пати го поврзувале во коруптивни шеми меѓу контроверзни бизнисмени и политичари.

28.12.2022 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега