Ди Каприо имал забелешки на сцена од „Не гледај нагоре“ во која Мерил Стрип е полугола

 

Леонардо ди Каприо не се согласувал ликот што го глуми Мерил Стрип во нивниот претстоен филм „Не гледај нагоре“ ( Don’t Look Up) да има сцена во која е разголена бидејќи ја гледа како посебна фигура во историјата на филмот.

Во интервју за „Гардијан“, режисерот Адам Мекеј откри дека Ди Каприо (47) му го изразил своето разочарување што ликот на Стрип (72) има гола сцена.

„Знаете кој имаше проблем со тоа? Лео,“ рече Меккеј. „Лео ја гледа Мерил како филмско кралство… иако можеби ‘кралство’ не е комплимент… туку како посебна фигура во историјата на филмот.“

Во филмот, Стрип ја глуми американската претседателка Џени Орлеанс, а во една секвенца од филмот таа се гледа разголена одзади.

Меккеј откри дека на Ди Каприо не му се допаѓало да ја гледа со тетоважа на долниот дел на грбот, додека оди гола во кадар од една секунда.

„Тој ми рече нешто како: дали навистина треба да го покажеш тоа? Јас му одговорив: „Тоа е претседателката Орлеанс, тоа не е Мерил Стрип. Таа не ни трепна. Таа не го ни спомна тоа. Таа е бестрашна.“

 

14.12.2021 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега