Девојче во Русија заврши во сиропиталиште поради антивоен цртеж: „Лошо е воспитана“
Поради цртежот на 12-годишната Русинка Маша Москајова од април 2022 година, на кој таа се противи на руската агресија врз Украина, нејзиното училиште повикало полиција.
„Полицијата почна да ги истражува социјалните мрежи на таткото Алексеј и му рекоа дека ја воспитал ќерка си на лош начин“, вели градскиот советник од рускиот град Јефремов, Олга Подолскаја.
Таткото на Маша, Алексеј, бил казнет со 32.000 рубли за дискредитација на руските вооружени сили. Против него била поведена кривична постапка пред неколку недели.
Алексеј сега се соочува со можна затворска казна. Тој моментно е во домашен притвор во Јефремов, а ќерка му Маша била привремено испратена во дом за деца. Алексеј не смеел да разговара со неа ни на телефон.
„Никој не ја видел Маша од 1 март и покрај нашите обиди да добиеме пристап до сиропиталиштето и да дознаеме како е“, пишува Олга Подолскаја.
Според правилата за куќен притвор, на Алексеј му е дозволен само контакт со адвокатот, истражителот и со затворската служба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа