Детектор: Над половина од граѓаните воопшто не ни аплицирале за нови документи

 

Повеќе од половина од граѓаните воопшто не се обиделе да закажат за нови документи, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според последното истражување нешто под 53% од анкетираните до сега воопшто не аплицирале, а 43% веќе се пријавиле.

Две третини од граѓаните рекле дека имале тешкотии во процесот на закажување, додека ваков проблем немале нешто над 34% од анкетираните.

Очекувано, најголем проблем со закажувањето имале граѓаните кои живеат во Скопје, а најмал во пелагонискиот регион.

Дури 26% од анкетираните се уште не успеале да закажат термин. Околу 31% рекле дека за закажување им биле потребни неколку дена. Околу 20% успеале да закажат термин за неколку часа а нешто над 20% за помалку од еден час. 

Над 80% од граѓаните кои закажале термин, тоа го сториле преку телефон, додека апликацијата на интернет ја користеле само нешто над 15%.

Очекувано помладите повеќе користеле онлјан апликации но тоа не е некој голем процент имајќи предвид дека меѓу најмладите до 30 години, само 21,6% аплицирале преку веб сајтот на МВР.

Над 70% од граѓаните сметаат дека рокот кој владата го остави за промена на документите со новото уставно име согласно Преспанскиот Договор беше соодветен, додека во спротивното се убедени 23,1% од анкетираните.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

10.03.2024 - 17:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега