Детектор: Мнозинството граѓани сметаат дека мажите и жените во Македонија се рамноправни

 

Жените и мажите се рамноправни но сепак, постои полова дискриминација при вработување и жените почесто се жртви на мобинг. Вакви се ставовите на граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

 

Според него, 52,6% сметаат дека мажите и жените во Македонија се рaмноправни, односно имаат еднакви права за професионален напредок, иако не е мал и процентот на граѓани кои се убедени во спротивното. 32,4% се на ставот дека мажите и жените не се рамноправни.

Според половата структура, 59,8% мажи се на ставот дека мажите и жените се еднакви додека 26,5% сметаат дека не се. Кај жените, 45,6% сметаат дека се рамноправни и имаат исти можности за напредок додека 38,1% сметаат дека не се.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници

07.05.2023 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега