Детали за труењето со домаша пита: Постои можност бабата да го помешала отровот со нешто друго бидејќи стоел во тегла


Причината за труењето на семејството кое изело домашна пита со праз бил силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата. Ова за „Фокус“ го изјавил близок член на семејството.

Отровот ланате веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија.

Според изворот на Фокус“ станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, која сега е во кома, на денот на настанот правела пита во летната кујна.

„Станува збор за жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат“- изјавил изворот.

Истрагата ќе покаже како завршил отворот во домашната пита со праз, што ја месела старата жена.

Како што истакнал изворот, отворот го чувале против глувци. 

 

 

 

20.10.2023 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега