Денис Тот бил нападнат од две лица пред да почине
Хрватскиот ракометар Денис Тот почина на 27-годишна возраст, а „А1он“ објави дека бил нападнат од две лица во близина на дискотеката „Привилиџ“.
Полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“ по што открила дека момче и девојка го нападнале ракометарот, откако нешто им кажал додека биле во такси возило.
Двете лица излегле од него, по што му удриле неколку шлаканици, а откако паднал девојката му удрила неколку клоци по главата, открива „А1он“.
Веднаш била повикана брза помош од девојка која го пронашла Тот на подот, по што било реагирано, меѓутоа ракометарот почина денеска.
08.04.2022 - 20:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа