Дел од Скопје денеска ќе остане без вода
Без вода денеска од 12 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улица „Филип Втори Македонски“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект од ф-150 милиметри на улица „Филип Втори Македонски“ или пред зградата на Министерството за надворешни работи (МНР).
Корисниците ќе бидат без вода се додека не се санира дефектот.
07.11.2022 - 11:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа