Дали Палчо воопшто не е поврзан со убиствата - Ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски - вели адвокатот
Адвокатот на Љупчо Палевски, обвинет за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, тврди дека нема докази кои го поврзуваат неговиот клиент со овие тешки кривични дела. По завршувањето на денешното рочиште на кое сведочеше семејството на жртвите, адвокатот Марјан Витановски истакна дека исказите на сведоците не укажуваат на тоа дека Палевски имал било каква улога во убиствата.
„Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски, изјави денеска адвокатот Марјан Витановски“, изјави Витановски. Тој додаде дека сведоците не можат да потврдат дека Палевски се познавал со жртвите или дека имал мотив за извршување на таквото дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа