Дачиќ: Голем проблем и безбедносна закана за Вучиќ е што Звицер е на слобода
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека фактот што лидерот на „кавачкиот клан“ Радоје Звицер е на слобода е голем проблем и безбедносна закана, особено за претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека полицијата на двете земји, особено Црна Гора, треба интензивно да се занимава со тоа прашање.
„Ако сакате да водите сериозна борба против криминалците, тоа не можете да го направите без посветеноста на сите органи кои се борат и работат на спроведување на законот. А првичниот повик го даде претседателот Вучиќ, кој беше на чело на тој тим, кој ја спроведе таа акција. Сигурно е дека откако се дозна дека претседателот Вучиќ е тој што ја турка борбата против криминалците, тој стана цел број еден, односно главна пречка и закана за организираниот криминал во овие земји“, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека криминалот е мултинационален и е без граници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа