Црвен метеоаларм во Хрватска, во прекин дел од траектните линии
Метеоролозите издадоа црвено предупредување за делови од Хрватска поради силно невреме со ветер и над 130 километри на час.
Времето е многу опасно и подразбира високо ниво на опасност по здравјето,а постои и значителен ризик од оштетување на крајбрежната инфраструктура, велат од хрватската управа за хидрометеоролошки работи.
„Бидете свесни за опасностите и внимавајте и следете ги најновите временски извештаи. Ја советуваме јавноста да избегнува патување и престој во близина на загрозени крајбрежни области. Голема е веројатноста фериботите да не пловат, па доколку патувате следете ги сообраќајните информации“, предупредуваат од хрватската управа за хидрометеоролошки работи.
Во прекин се и дел од траектните и катамаранските линии поради неповолните временски услови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа