Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров

 

Четири лица, меѓу кои и малолетник, добија повреди во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во скопската населба Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале „опел корса“, управувана од Б. С.(36) од с. Матка, Скопско, и патничко возило „мерцедес“, управуван од Б. Д. (40) од с. Горно Свиларе, Скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М. Д. (73) и малолетник од с. Горно Свиларе, констатирани на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од полициска екипа.

26.01.2023 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега