Целосно затемнување на Сонцето во Њујорк, училиштата затворени

 


Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си.

Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада.

Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико.

Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји.

Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.

Голем број училишта во северниот дел на Њујорк одлучија да ја откажат или скратат наставата на 8 април поради очекуваното целосно затемнување на Сонцето.

Официјално образложение за ваквата одлука е сообраќајниот метеж што ќе настане поради затемнувањето, но неофицијален мотив е и обид на училиштата да избегнат одговорност за евентуално оштетување на очите што би го претрпеле учениците од набљудувањето на затемнувањето без заштита во училишната средина, пренесува Њујорк пост.

Затемнувањето на Сонцето ќе биде видливо во 15:18 часот по локално време (9:18 часот по средноевропско време), односно во делот од денот кога учениците се враќаат дома од училиште.

08.04.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега