Бугарска тинејџерка украла новороденче во болница во Хамбург

 

Една новопечена мајка поминала низ вистинска драма откако нејзиното бебе било украдено од болница во Хамбург.

Жената се породила пред пет недели, но поради висока температура, бебето било хоспитализирано.

Околу 19 часот и 45 минути бебето и мајката се прегледани на неонатолошкиот оддел. Во еден момент во одделението влегла Бугарка (18), која облекла докторско палто и се преправала дека е докторка.

На мајката ѝ кажала дека на рецепција ја чека пакет и дека ќе го чува детето додека не се врати. Наместо тоа, таа го зела бебето и побегнала од болницата.

Мајката која била шокирана од тоа што се случило веднаш повикала полиција.

Полицијата почнала да трага по бебето, а била алармирана и итната полиција.

Еден час подоцна, тинејџерката во придружба на нејзиниот брат дошла во болницата и ѝ го вратила детето на мајката.

Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерката неодамна имала спонтан абортус.

Веднаш била уапсена и обвинета за киднапирање малолетник, објави ДПА.

21.11.2023 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега