Бугарија забрани промоција на ЛГБТ+ во училиштата

Бугарската влада забрани нехетеросексуални пораки во училиштата по примерот на Унгарија, Полска и Словачка.

Според новиот закон, во предучилишните установи и во училиштата е забрането секое поттикнување поврзано со нетрадиционална сексуална ориентација или родово самоопределување, кое се разликува од полот при раѓање.

Слични ограничувања постојат во земјите членки на ЕУ, Унгарија, Полска и Словачка.

Надвор од ЕУ, лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица, како и членовите на пошироката квир-заедница, исто така се соочуваат со сериозни ограничувања, особено во Русија.

Амандманот на законот, претставен од проруската партија Вазраждане, беше поддржан од претставници на разни политички групи, вклучувајќи ги и сојузот на десниот центар ГЕРБ-СДС, популистичката партија ИТН, Социјалистичката партија и делумно ДПС, која го претставува интересите на турските и другите малцинства.

Сепак, либерално-конзервативната алијанса ПП-ДБ гласаше против амандманот.

Членови и поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата протестираа против амандманот пред зградата на парламентот во Софија. Одбивањето да молчат тие го изразија со скандирање и држејќи плакати со порака: „Не повторувајте го патот на Русија“.

08.08.2024 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега