Брза реакција на Израел, по предлогот на владата на Словенија за признавање на Палестина

 

Oткако предлогот за признавање на Палестина беше одобрен од Владата на Словенија, по што процедурата продолжува во Собранието, реагираше министерот за надворешни работи на Израел. Тој се надевал дека Парламентот ќе ја отфрлел таа препорака.

„Одлуката на словенечката влада да му препорача на словенечкиот парламент да ја признае палестинската држава е награда за Хамас. Се надевам дека словенечкиот парламент ќе ја отфрли таа препорака, додаде тој.“, напиша Кац на Х.

Претседателката на словенечкиот парламент Уршка Клакочар Жупанчич најави дека Националното собрание во вторник ќе расправа за владината одлука за признавање на палестинската држава, пренесува СТА.

Шпанија, Ирска и Норвешка неделава ја признаа палестинската држава, приклучувајќи се на 140 земји кои веќе го направија тоа. Доколку Националното собрание ја потврди владината одлука, Словенија ќе стане десеттата од 27-те земји-членки на ЕУ што ја признаваат државата Палестина.

30.05.2024 - 20:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега