Брнабиќ штеди струја: Облекувам ролка и одам на работа

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Владата во Србија во претстојната грејна сезона ќе се потруди граѓаните да имаат што е можно поквалитетно греење со што е можно порационална потрошувачка на енергија.

Таа за Телевизија Пинк изјави дека владата ќе се обиде да ги избегне ограничувања и оти, како што додаде, грејната сезона ќе биде нормална.

Таа повтори дека се очекува зимата да биде исклучително тешка и оцени дека Србија е „најподготвена“ во однос на производството на енергија и грејната сезона.

Брнабиќ укажа и на неопходноста од штедење и додаде дека вчера била во ролка во зградата на Владата.

– Беше малку постудено, а климата не ја вклучувамe, изјави таа.

05.10.2022 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега