Бритни Спирс го помина викендот славејќи го крајот на старателството

 

Бритни Спирс го помина викендот славејќи ја својата новостекната „слобода“.

39-годишната поп-ѕвезда се огласи на Инстаграм за да открие како ужива во животот откако во петокот (12 ноември) заврши конзерваторскиот надзор воспоставен пред 13 години.

Хитмејктерката Oops!…I Did It Again, којa ќе наполни 40 години на 2 декември, напиша на платформата за споделување фотографии: „Каков неверојатен викенд… Се чувствувам како да сум на облак 9 цело време!! Минатата ноќ јас всушност ја испив мојата прва чаша шампањ во најубавиот ресторан !!!!“

„Ја славам мојата слобода и мојот роденден во следните два месеци ! По 13 години … Мислам дека доволно чекав !!!!”

Бритни му се заблагодари на својот адвокат Метју Розенгарт, откако ѝ помогна да ја врати контролата над својот живот.

Нејзината објава продолжи: „Толку сум среќна што мојот адвокат Метју Розенгарт дојде во мојот живот и го направи тоа… вечно сум благодарна.“

Поп-ѕвездата, исто така, ги поздрави своите фанови за поддршката што ѝ ја покажаа среде нејзината судска битка.

„Каква глетка, убаво е кога гледам толку многу луѓе кои ја слават мојата победа… Толку многу ги сакам моите фанови… ви благодарам!“

16.11.2021 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега