Британците со падобрани испорачаа помош во Газа


Британија вчера за прв пат по воздушен пат испорача храна во Газа, а Министерството за одбрана го повика Израел да дозволи поголема помош да влезе во регионот погоден од војна. Кралските воздухопловни сили исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, вклучувајќи вода, ориз, масло, брашно, лименки и храна за бебиња на цивилите во Газа.

Авион РАФ А400М полета од Аман за да испорача залихи долж северниот дел на Појасот Газа како дел од меѓународната хуманитарна мисија предводена од Јордан, соопшти британското Министерство за одбрана.

26.03.2024 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега