Братот на Денис Тот откри како починал ракометарот
Ракометарот на Бутел, Денис Тот почина на 27-годишна возраст на скопските клиники, по што се појавија неколку верзии за тоа како починал Хрватот.
Прво беше објавено дека е нападнат од повеќе лица, по што стигна демант, а на крајот нова приказна дека бил нападнат од две лица, момче и девојче, но сега братот Борис Тот даде краток одговор.
„Ви благодарам многу господа на новинарите за нивната „професионална“ работа. Може само да се срамите од ширење дезинформации во јавноста и ширење лаги за собирање кликови. Денис почина од срцев удар, а не од некакви телесни повреди, тепачки и други глупости што се пишуваа цел ден.. Срам да ви е да градите публицитет на туѓа несреќа“, напиша тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа