Брачен пар скокнал од 7 кат со бебе во рацете, сакале да се спасат од пожарот: трагедија во Бразил

 

 

Трагедија го потресе Валпараисо де Гојас, Бразил, кога брачна двојка и нивното новородено дете загинаа откако скокнале од седмиот кат од зградата во која живееле, обидувајќи се да избегаат од пожарот.

Пожарот избувнал околу 10.30 часот во нивниот семеен стан, а најверојатно бил предизвикан од истекување на плин, според првите сомнежи на пожарникарите.

Грацијана Роса де Оливеира (34), Луиз Евалдо Лима (28) и нивното бебе Леонардо, старо само 23 дена, скокнале од седмиот кат од нивната станбена зграда во Бразил, обидувајќи се да не настрадаат во пожарот.

Нивниот сосед рекол дека излегол да види што се случува бидејќи слушнал врисоци. Тој забележал огромен пламен кој се проширил на соседните станови, а наводно се повредени уште 12 лица.

На видеото снимено од блиската зграда се гледа дека пламенот достигнал височина од неколку метри, се до прозорците на последниот кат од зградата.

„Се слушнаа викотници пред зградата, повици сите да бегаат“, рекол соседот Фелипе.

Во гаснењето на пожарот учествувале 40 пожарникари.Луиз, неговата сопруга и нивното бебе беа единствените жртви во несреќата. Полицијата се уште ја истражува трагедијата.

 
 
29.08.2024 - 18:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега