Борел: ЕУ ќе продолжи да работи на политичко решение на конфликтот во Судан
Европската унија ќе продолжи да работи на политичко решение на конфликтот во Судан и покрај евакуацијата на дипломатскиот персонал и другите граѓани на ЕУ од земјата, изјави шефот на дипломатијата на Унијата, Жозеп Борел.
„Мораме да продолжиме да се залагаме за политичко решение. Не можеме да дозволиме Судан да експлодира бидејќи тоа ќе испрати шокови низ Африка“, рече Борел пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ.
Тој додаде дека амбасадорот на ЕУ во Судан се уште е во земјата.
„Капетанот е последниот кој го напушта бродот. Тој е во Судан, но повеќе не е во Картум“, рече Борел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа