Болсонаро: Обвинувањата дека сум се обидел да направам државен удар се лажни
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека обвинувањата против него дека се обидел да изврши државен удар се лажни.
Пред десетици илјади приврзаници на собирот во Сао Паоло, тој побара амнестија за стотиците осудени за напади на згради во кои се сместени јавни институции на почетокот на јануари минатата година, отфрлајќи ги обвиненијата против него како политички мотивирани, јавува Би-Би-Си.
Болсонаро зборуваше и за следните претседателски избори во 2026 година, и покрај тоа што му беше забрането да се кандидира за каква било јавна функција во следните осум години.
Полицијата истражува дали Болсонаро поттикнал неуспешен пуч по поразот на изборите во 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа