Блокирано видеото на кое коментаторот зборуваше моќно за Македонија
Од социјалните мрежи е блокирано видеото кое побуди силни емоции кај македонскиот народ.
Коментаторот Тони Стојановски со силна порака за Македонија и Македонците даде говор кој претставуваше круна на историската победа на фудбалерите.
„Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: Сега душата се радува затоа што има зошто душа да е. Оваа Македонија ќе живее! Ќе живее! Ќе живее!“, кажа Стојановски.
Но, таа силна порака за обединување, некому не му се допадна, па видеото беше блокирано.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа