Блинкен ја повика Турција да го одобри приемот на Шведска во НАТО

 

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека „сега е време“ Шведска да се приклучи на НАТО и ја повика Турција да ја ратификува кандидатурата за членство на Стокхолм.

На заедничката прес-конференција со шведскиот премиер во Лулеа, северна Шведска, Блинкен рече дека Шведска презела значителни чекори кон решавање на приговорите на Анкара за нејзиното пристапување во алијансата.

„Очекуваме овој процес да биде завршен во следните недели. Не се сомневаме дека тоа може да биде, и треба да биде и очекуваме да биде“.

Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон НАТО во мај 2022 година, оставајќи настрана долгогодишно воено неврзување за да побараат заштита под безбедносниот чадор на организацијата по руската инвазија на Украина.

30.05.2023 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега