Блерим Беџети: Убедени сме дека ќе победиме
Актуелниот градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека европскиот фронт не е случаен и не се формира поради бројки и изборни калкулации.
„Тој се формира за да се продолжи европскиот пат, затоа што секое доцнење во тој поглед има последици кон државата и сите граѓани. ДУИ ќе победи на изборите, но нема да бидеме дел од влада која нема да ги спроведе уставните измени. Сепак убеден сум дека и кај македонската страна ќе се најдат прогресивни сили кои ќе се обврзат на промена на уставот и продолжување на европскиот пат“, порача Беџети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа