Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, но економијата не може да чека

 

Македонија ќе мора да увезува работна сила. Како што истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, во моментов државата има потреба од 9629 работници, тие работни места мора да се потполнат бидејќи економијата не може да чека.

„Во моментов има 9629 слободни работни места, 115.000 лица се регистрирани за невработени во агенцијата за вработување, но и покрај тоа местата не се потполнуваат. Увозот на работна сила не е долгорочно решение но економијата не може да чека, овие работни места мора да се потполнат, во спротивно ќе се затворат голем број компании”, изјави Битиќи.

Тој истакна дека ваквата ситуација е последица на однесувањето на функционерите кои биле на власт од 1991 година па навака. Додаде дека не може од него да се бара одговорност, за однесувањето на некој кои работел овде пред 15 или 20 години.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пред неколку дена изјави дека секој кој смета дека нашата држава нуди добри можности за живот е добредојден.

30.03.2023 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега