Битиќи: Ќе предложиме закон за корекција на платите на функционерите а парите ќе ги насочиме за антикризни мерки
Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност, најави потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Битиќи нагласи и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
Остануваат денови до обзнанување на новиот пакет мерки, рече Битиќи, и нагласи дека оваа влада предводена од СДСМ поинаку ги сфаќа ранливите категории и креира мерки таргетирани за нив.
Битиќи нагласи дека растот на платите во државата низ годините е факт.
Законот за минимална плата е закон кој мора да почитува и во јавниот и во приватниот сектор, а следното усогласување мора да се случи во март, кога минималната плата ќе се усогласи со стапката на инфлација и растот на просечната плата, додека пензиите се усогласуваат два пати годишно.
Во април годинава растот на платите ја надмина инфлацијата и тоа е добар сигнал дека наредната година ќе дојдеме до нормалното, истакна Битиќи.
Тој нагласи дека се заштитуваат потрошувачите, со мерките за гарантирана цена и замрзнување на маржите, но и со тоа што 1600 продукти имаат повластена стапка на ДДВ од 5 или 10 отсто.
Се додека немаме закон за спречување на нефер однесување во трговијата ќе има испади, за жал одредеи компании практикуваат нефер практики и тоа сите како граѓани не доведува во неповолна положба, имаме раст цени иако нема економски параметри, кои укажуваат дека тоа е соодветено, рече Битиќи.
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи истакна дека значително растат странските инвестиции во државата.
Пикот на инвестиции по влезот во НАТО беше одложен поради ковид кризата, но дека сега доаѓа, нагласи Битиќи, додавајќи дека се водат финални преговори со јужнокорејските компании Хјундаи и ЛГ да донесат дел од производството во нашата држава, додека други компании како Герцхајмер, Техникал текстајл, Вик влегуваат во наредни циклуси на инвестиции.
Истовремено се поддржуваат домашните компании и тоа поддржани се 919 македонски компании, кои имаат реализирано 500 милиони инвестиции, кои се доволно конкурентни за отворениот пазар на ЕУ, нагласи потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа