Бислимовски заминува за Атина: Ќе заседава со 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница
Мерките во енергетскиот сектор кои се преземаат од сите земји членки на Енергетската заедница за да се обезбеди сигурно, стабилно и непречено снабдување со електрична енергија и природен гас ќе бидат детално презентирани и разгледани на денешниот состанокот во Атина на 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница со кој заседава претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Северна Македонија Марко Бислимоски, јави дописничката на МИА од Атина.
Регулаторите ќе ја скенираат и актуелната регулатива дали е соодветни позиционирана во пракса да го амортизира ударот од енергетската криза и да ги заштити ранливите потрошувачи, додека пак Бислимоски, во пресрет на состанокот, за МИА изјави дека ќе се разгледаат мерките и истакна дека улогата на регулаторите е да ги посочи клучните таргети и регулатива што владите треба да ги преземат.
-Декември е пресек на половина грејна сезона за да се направи ревизија како земјите членки на Енергетската заедница ја поминуваат најтешката зима во Европа. На состанокот ќе ги продускутираме и ќе заземеме координиран став за тоа кои мерки треба да продолжат и во иднина. Улогата на регулаторите е да ги посочи клучните таргети и регулатива која секоја Влада мора да ги усвои и реализира, без оглед на политичките калкулации. Оваа зима ни покажа дека нема компромис со инвестициите во енергетската независност, изјави за МИА претседателот на РКЕ, кој воедно е и претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа