Билстром: Шведска ги исполни условите за влез во НАТО кои ги постави Турција

 

Шведска ги исполни условите кои ги постави Турција за да се приклучи во НАТО, изјави денеска министерот за надворешни работи Тобијас Билстром.

Говорејќи на прес-конференција заедно со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, Билстром рече дека со воведувањето на новиот закон за тероризам, Шведска ги исполнила последните услови за пристапување во Алијансата договорени во трилатералниот план на Финска, Шведска и Турција.

 

„Во Шведска неодамна стапи на сила нов закон кој го криминализира учеството во терористичка организација на кој било начин, без оглед дали ја промовира, ја зајакнува или поддржува. Со ова ги исполнуваме последните делови од нашиот договор“, рече Билстром, пренесува Си-Ен-Ен.

28.06.2023 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега