БиХ завиена во црно: Овие се младите кои загинаа во тешката сообраќајка

 

Познат идентитетот на младите кои вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа во градот Добриње во БиХ. Несреќата се случила во ноќта од среда кон четврток. Во несреќата загинаа Бранка Дуспер и Армин Пушчуловиќ од Кисељак и Амина Кардаш и Сара Савиќ од Високо, пишува Аваз.

Имено, тие се движеле по регионалниот пат меѓу Какањ и Високо кога изгубиле контрола над мерцедесот кој завршил во реката Босна.

Во возилото имало уште едно лице кое успеало да се спаси, а се претпоставува дека испаднал од возилото пред да заврши во реката.

11.10.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа