Берово оковано во студ - Температурите утрово низ Македонија
Најстудено утрово е во Берово, -4 степени, а температури под нулата има и во Битола и Прилеп каде што се измерени -2 степена.
Како што информира УХМР, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Охрид, Претор и Попова Шапка, 1 степен во Штип, 2 во Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 во Виница, Кавадарци и Маврови Анови, 4 во Крушево, 5 степени во Скопје - Зајчев Рид и Демир Капија, 6 во Скопје - Петровец и Велес и 9 степени во Гевгелија.
На Попова Шапка во 7 часот е измерена снежна покривка од 38 сантиметри, 28 во Маврови Анови и 7 сантиметри во Битола.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. По котлините во поголем дел од денот со ниска облачност и магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, магливо и тивко. Попладне ќе има делумно намалување на маглата. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа