Берлускони почна со хемотерапија – поранешниот италијански премиер боледува од леукемија
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86), кому му беше дијагностицирана леукемија, е во стабилна состојба и денеска почнува со хемотерапија.
Според информациите, вчера Берлускони го посетиле братот Паоло, помладиот син Луиџи и ќерката Марина, пренесе италијанската новинска агенција „АНСА“.
Експремиерот од средата се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, откако имаше проблеми со дишењето.
06.04.2023 - 17:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа