Бела куќа: Русија „активно бара“ повеќе оружје од Северна Кореја

 

Белата куќа денеска соопшти дека Русија продолжува да бара оружје од Северна Кореја за војната во Украина, откако Пјонгјанг веќе испрати артилериска муниција на групата Вагнер што се бори на фронтот.

„Имаме нови информации дека Русија активно бара да набави дополнителна муниција од Северна Кореја“, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Американското Министерство за финансии стави на црната листа Словак кој дејствувал како посредник во такви зделки.

30.03.2023 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега