Бектеши: Мерките даваат резултат, инфлацијата за еден месец преполовена, трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати

„Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5% и е преполовена споредено со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6%“, објави на својот Фејсбук профил, министерот за економија Крешник Бектеши, откако Државниот завод за статистика ги објави индексите за трошоци за живот и цени на мало за месец октомври 2023 година.

„Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалоци во октомври бележат раст од 1%, што е драстично намалување сппредено со 7,8% пресметани во претходниот месец“, пишува тој.

„Споредено со октомври 2022 година кога инфлацијата изнесуваше 19,8% за една година бележиме намалување на инфлацијата од 5,5 пати“, додава Бектеши и појасни дека Владата носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.

07.11.2023 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега