Бебе се роди во такси во Црна Гора

 


Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.

Мајката и бебето по невообичаеното породување веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ.

„И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето“, потврдија во болницата во Никшиќ.

Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.

Сличен случај имаше и во Македонија пред четири години, кога велешанка се породи во такси пред да влезе во болницата.

Според тогашните натписи во медиумите, кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри. Папочната врвка беше пресечена во возилото.

27.12.2024 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега