Барселона го започнува проектот вреден милијарда и пол евра

 

На референдумот во неделата Барселона го одобри новиот финансиски план вклучувајќи дополнителни милијарда и пол евра, кој ќе му овозможи на клубот да го модернизира и обнови „Камп Ноу“ и да изгради уште неколку објекти.

На референдумот гласаа 44 проценти од пријавените членови, а новиот финансиски план доби поддршка од 87,8 од оние кои гласаа. Барселона за овој проект ќе земе кредит од „Голдман Сакс“ на период од 35 години со поволна каматна стапка и грејс период од пет години. „Голдман Сакс“ претходно и позајми на Барселона 595 милиони евра за реконструкција на долгот.

Овој проект познат како „Еспаи Барса“ изработен е 2014 година. По реновирањето би се зголемил капацитетот на стадионот „Камп Ноу“ на 105.000 гледачи, сите седишта ќе бидат покриени, изгледот на стадионот ќе биде променет, а ќе се додадат и драстично повеќе ВИП ложи. Обновениот „Камп Ноу“ би требало да биде готов до крајот на 2025. Во проектот за обнова влегува и новата сала „Палау Блауграна“ со капацитет од 15.000 седишта, која би требало да биде готова во 2026. Во план е и „Кампус Барса“, односно канцеларии и хотел, нивното завршување е планирано за 2027 година.

20.12.2021 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега