Банкротираше германската е-ГО која требаше да произведува електрични автомобили во Тетово
Германската компанија за производство на електрични автомобили„Некст.е.ГО. Мобиле“ (Next.e.GO Mobile SE – „e.GO“), која требаше да гради фабрика и во индустриската зона во Тетово, поднесе барање за стечај во Окружниот суд во Ахен (Германија) со што во неизвесна положба стави 32о вработени. Компанијата ги откажа и двете инвестиции на Балканот, во земјава и во Бугарија.
Компанијата соопшти дека одлуката да поднесе барање за стечај е донесена „наспроти неодамнешните негативни случувања и предизвици“ во индустријата за електрични автомобили и „нестабилноста на пазарите на капитал“.
Ова е второ барање за стечај на компанијата. Првото беше поднесено во 2020 година.
Оваа компанија требаше да инвестира и во тетовската индустриска зона која требаше да биде готова годинава, но минатата недела Дирeкецијата на ТИРЗ соопшти дека го раскинала договорот со инвеститорот и ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа