Бајден: Путин мислеше дека брзо ќе го заземе Киев но тогаш ја запозна храброста на Украинците

 

 

На годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина се огласи и американскиот претседател Џо Бајден.

„Пред една година претседателот Путин мислеше дека брзо ќе го заземе Киев“, објави официјалниот профил на американскиот претседател.

„И тогаш тој се сретна со храброста на Украинците и железната волја на нациите ширум светот“, се вели во соопштението на Бајден.

24.02.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега