Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на следниот претседател, без разлика кој ќе победи
Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на следниот американски претседател во јануари, без разлика кој ќе победи на изборите во вторник, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
„Овој претседател верува во мирен трансфер на власта и ќе видите како овој претседател го прави тоа“, рече Жан-Пјер.
Таа додаде дека не се работи за Бајден, туку за американскиот народ.
„Тоа е она што американскиот народ треба да го види без разлика кој ќе победи“, рече Жан-Пјер.
30.10.2024 - 22:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа