Бајден: Еден кандидат за претседател е премногу стар и ментално неспособен за работа
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е ментално некомпетентен и дека тоа не е тој, туку Доналд Трамп, јавува Асошиетед прес.
„На овие избори двајца кандидати ја добија номинацијата на нивните партии. Но, еден од нив е премногу стар и ментално неспособен за работа. Другиот сум јас“, рече Бајден низ смеа на конференцијата на Демократската партија во Вашингтон.
Бајден упорно ги отфрла критиките за неговата возраст, наводно слабата меморија и збунувачкото однесување и наместо тоа ги истакнува овие недостатоци на неговиот противник, 77-годишниот Трамп.
„Немојте да му кажете, тој мисли дека се кандидира против Барак Обама, тоа е она што тој го кажа“, рече 81-годишниот Бајден, кој исто така се пошегува дека останал буден долго време пред закажаното време за спиење.
Бајден тогаш стана сериозен и повтори дека победата на Трамп би била вистинска закана за демократијата. Тој, исто така, ги критикуваше врските меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Живееме во невиден момент во демократијата. Демократијата и слободата се буквално на удар. Путин дивее во Европа. Мојот претходник му се поклонува и му вели „прави што сакаш“, рече тој.
Бајден на конференцијата беше домаќин и на украинската амбасадорка Оксана Маркарова и естонската премиерка Каја Калас.
„Нема да попуштиме. Тие нема да попуштат, ниту јас“, заклучи тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа