Бајден: Дополнителна американска помош е на пат за Израел

 

 

Дополнителна американска помош е на пат за Израел, му порачал американскиот претседател Џо Бајден на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот разговор.

„Претседателот Бајден го информираше премиерот за интензивниот дипломатски ангажман што САД го презедоа во последните 24 часа за поддршка на Израел.

„Претседателот исто така рече дека дополнителна помош за израелските одбранбени сили сега е на пат за Израел и дека ќе има уште во наредните денови“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Се додава дека Бајден повторно изразил сочувство за исчезнатите, ранетите и убиените и разговарал за напорите да се осигура дека ниту еден друг ривал на Израел нема да ја искористи ситуацијата.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека Бајден и американскиот потпретседател Камала Харис биле информирани за ситуацијата во Израел и дека „остануваат во близок контакт со израелските партнери“.

Бајден и Нетанјаху зборуваа и во саботата, кога почнаа нападите на Хамас врз Израел, а Бајден тогаш истакна дека САД стојат покрај Израел и целосно го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана.

Нетанјаху му се заблагодари на Бајден за неговата безрезервна поддршка и јасно стави до знаење дека е неопходна силна, продолжена кампања во која Израел ќе победи.

Групата Хамас започна напади врз Израел во саботата, при што загинаа стотици луѓе од двете страни, а илјадници беа повредени.

09.10.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега