Автопортретот на Џони Деп излезе во продажба

 

Автопортрет на Џони Деп, насликан во времето кога холивудската ѕвезда беше во судска битка против поранешната сопруга Амбер Херд, е пуштен во продажба во четвртокот.

Почнато во 2021 година во студиото на британскиот илустратор Ралф Стедмен, уметничкото дело со наслов Five („Пет“) е довршено оваа година.

„Овој автопортрет е создаден во време кое беше… да речеме, мрачно, збунувачко“, рече Деп.

„Го погледнав и не знам зошто, мислев дека треба нешто друго. Потребни се дополнителни информации… во суштина таму само напишав ‘Пет’ затоа што требаше да влезам во петтата година од лудилото“.

Деп се ожени со Херд, која ја запозна на снимањето на филмот The Rum Diary, во 2015 година. Нешто повеќе од една година подоцна, таа поднесе барање за развод.

Нивната бурна врска беше соголена пред јавноста во две посебни судења.

Минатата година Деп извојува речиси целосна победа на судењето во САД откако поведе тужба за клевета против Херд, која го обвини за семејно насилство. Деп негира дека ја удрил неа или која било друга жена.

Две години претходно, Деп ја загуби тужбата за клевета во Британија против таблоидот „Сан“, кој го нарече тепач на сопругата. Високиот суд во Лондон пресуди дека Деп во неколку наврати ја нападнал Херд. Набргу тој беше исфрлен од спиноф-серијалот на Хари Потер, „Фантастични ѕверки“.

21.07.2023 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега