Автомобил излета од патот во Скопје, повредени две жени и едно дете

Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(27) од с.Кучевиште, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата М.П. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.П.(49) и еден малолетен сопатник, двајцата од с.Кучевиште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

08.07.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега