Автомобил излета на обиколница во Скопје, едно лице тешко повредено

Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот - обиколница на град Скопје, во близина на клучката Стајковци, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

02.07.2024 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега